Услови за користење

Услови и правила за интернет продажба и испорака

Добре дојдовте на https://artist.com.mk онлјан продавницата на АРТИСТ-СИСТЕМС ДООЕЛ Скопје

Друштвото АРТИСТ-СИСТЕМС ДООЕЛ се наоѓа на адреса ул.Васил Ѓоргов бр.9 во Скопје и е ДДВ обврзник.
Сите цени во онлајн продавницата се изразени во денари (МКД) и содржат ДДВ.

Општи одредби на условите за интернет  продажба

Предмет

Општите услови го дефинираат начинот на интернет продажба:  нарачката, плаќањето, испоракта, повратот и рекламацијата на прозиводите понудени на https://artist.com.mk , во понатамошниот текст Интернет продавница.
На корисниците (потрошувачите) им се препорачува да се запознаат со овие услови пред купувањето на прозиводите и истите редовно да ги проверуваат, како секогаш би биле запознаети со своите права и обврски.

Субјекти

Продавачот на стоката и прозвоидте кои се нарачуваат и плаќаат од интернет продавницата е АРТИСТ-СИСТЕМС ДООЕЛ со седиште на ул. Васил Ѓоргов бр.9 во Скопје, во понатамошниот текст Продавач.

Купувач на производите и стоките е посетителот на интернет продавницата кој ќе одбере барем еден производ кликнувајчи на копчето “Додади во кошничка“, ќе испрати нарачка, а за која и ќе изврши плаќање согласно наведените начини на плаќање, во понатамошниот текст Купувач.

Цена и прозивод

Производот нарачан преку онлајн продавницата се плаќаат по цена која е искажана во моментот на купување на производот.  Сите цени во онлајн продавницата се изразени во денари (МКД) и содржат ДДВ.  Доколку во моментот на подготвување на нарачаните производи дојде до промена на цената, на купувачот ќе му биде пресметана цената која била назначена во моментот на извршување на нарачката.

Цените може да бидат променети без претходна најава. Имајќи предвид дека купувањето преку онлајн продавницата се одвива преку електронската платформа, односно постои можност да се појават софтверски грешки при калкулирање на финалните цени при затварањето на нарачката и договорот за купопродажба, а кои видливо ќе се разликуваат од искажаните цени, Продавачот навремено ќе го исконтактира и извести Купувачот за настанатата грешка и ќе понуди раскинување на договорот, освен ако Купувачот не ја прифати исправената цена.
Цените во онлајн продавницата важат само за купување преку Онлајн продавницата и може да се разликуваат од цените во изложбениот салон.

Изјава за евентуални грешки

Сите артили прикажани на оваа веб страница се од информативен карактер и подлежат на промени без претходни најави. Сите слики и текстови се поставени со најдобра намера да понудиме што повеќе информации до Купувачот за производите и купувањето да биде поудобно. Не сносиме одговорност за секоја погршно поставена слика, навод или дел од текст, цена или моментална залиха на прозиводите. Ќе дадеме се од себе сите евентуални грешки да бидат исправени во што пократок рок, за да се избегнат сите нелагодности и купувањето биде удобно и за вас и за нас. Доколку производот кој сте го купиле не одговара со некој од наведените услови и карактеристики, Артист-Системс ја дава можноста за поврат на истиот, со потполна исплата на целиот износ. Ako bude bilo nejasnoća prilikom pakovanja i isporuke artikla prema Vama, Artist će Vas kontaktirati putem telefona koji ste obavezno upisali a ako se ne budete javljali, onda ćemo Vam poslati e-mail. Artikl neće biti moguće isporučiti sve dok ne stupimo u kontakt sa Vama.

Нарачка на прозиводите

Секој купувач најпрвин мора да се регистрира за да може да биде остварена нарачката. По пополнувањето на кошничката со сите производи одбрани од онлајн пордавницата од стртана на купувачот, за да нарачката биде потврдена и испратена системски до Продавачот, неопходно е да се избере копчето ПОТВРДИ ЈА НАРАЧКАТА. По потврдувањето на нарачката ќе биде испратен автоматски e-mail на наведената адреса од страна на Kупувачот, со кој се завршува процесот на потврда на нарачката. Во најкус можен рок, но не подолг од 2 работни дена Купувачот ќе биде контактиран од страна на продажен агент од Артист-Системс Дооел со цел да се изврши комплетирање на нарачката со точно договорени услови и рок на испорака. По комплетирањето на нарачката и добивање на финален документ – Понуда, Купувачот ќе пристапи кон плаќање на договoрениот износ.

Плаќање

Купувањето може да се оствари со уплатница, односно банкарски трансфер на транаскциска сметка на Артист-Системс Дооел наведена во доставената Понуда при комплетирање на нарачката, или пак, со следните платежни картички: Visa; Visa Electron; Mastercard; Maestro (само доколку има CVV2/CVC код на позадината од картичката), а наплатата се извршува преку нашиот партнер Халк Банка. Може да се овозможи и купување со наплата при достава, но треба да се напомене дека најчесто во тој случај доставата е поспора.

Испорака на нарачаните производи

Испоракта на производите нарачани преку Артист Онлајн Продавницата се врши исклучиво на територија на Македонија, на наведената адреса за испорака од страна на Купувачот преку курирска/карго служба во рок не пократок од 3-6 (три до шест) работни дена од моментот на наплата на комплетираната нарачка, односно во определениот рок и услови кои ги одбрал купувачот при правењето нарачка.

Секој купувач е должен при испорака на производот да го провери за евентуални оштетувања при транспорт, а доколку е поголема пратка да провери дали некој производ недостасува. Купувачот треба даја пријави грешката веднаш.  Производите се заменуваат само под условите пропишано во Законот за заштита на купувачите.

Во случај купувачот да сака да го врати производот не по наша вина или вина на доставувачот и сака да му се врати сумата на производот, тогаш од крајниот износ на производот двојно ќе биде одбиен трошокот за достава кој варира согласно со тежината на производот. Доколку купувачот сака да го замени производот, должен е да го чува неоштетен, неотпакуван и неупотребуван заедно со сите приложени документи.

Кошничка
Scroll to Top